Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: ЕУ прави исчекор за Западен Балкан, не смееме да дозволиме политичка несигурност

Во интервју за Локално вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека процесот на уставните измени е поврзан со евроинтегративните процеси на државата и нивното забрзување, на што не смее да му се додава доза на политичка несигурност.

-Ова е шанса и како држава да излеземе од нашето политичко минато кога националните политички одлуки беа проследувани трауматично од страна на бизнис сектор. Ние ќе влеземе и во процес преку која отпорноста на економијата на политички шокови ќе биде засилена со поддршка на Брисел, вели Битиќи.

Тој истакна дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање на форумот ГЛОБСЕК, ја најави новата иницијатива за приближување на Западен Балкан до ЕУ.

-Таа е заснована на четири столба, и тоа, приближување кон единствениот европски пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, независно судство и борба против корупцијата, капитал за реформи и инвестиции. Преку оваа иницијатива се воведува до одреден степен нов пристап во приближувањето на Западен Балкан, со кој не се бара само од нас да преземеме одредени чекори, туку и ЕУ прави исчекор. На овој начин придобивките од членството во ЕУ ќе бидат достапни за компаниите и граѓаните од регионот и пред заокружување на евроинтегративниот процес, појаснува вицепремиерот.

Можеби ќе ве интересира

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК