Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен разбојник во струмичко, одземеното е пронајдено

Денеска (14.06.2023) во 00.30 часот во село Баница, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница.

Тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет. Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било пронајдено. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +