Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР предвидува ново невреме во Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за денес

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Прогноза за 14.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 15.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 26°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 16.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно, oд пладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Исчезна 57 годишен охриѓанец

ДЕСК

Мојсоска: Власта место да смислува изговори да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

ДЕСК

Утре ВМРО ДПМНЕ одлучува дали ќе го поддржи Христијан Мицкоски како единствен кандидат за претседател на партијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.