9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен надри лекар, пронајдени пари, лекови, медицинска документација и еден предмет

На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и друг предмет.

Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.