Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Долгорочна прогноза и метео предупредување: Лоши вести за времето и следната недела, се очекуваа тголеми невримиња

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд на повеќе места, грмежи и засилен ветер.
Локално, процесите се очекува да бидат во форма на невреме, со силен ветер, со изолирана појава на град, а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд. Бидејќи локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и на одредени места локално за кратко време да навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците низ земјава.

Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми. Притоа, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта.

Препорачуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови (пред се во попладневните часови) се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК