Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со пластичен пиштол скопјанец се обидел да ограби спортска обложувачница

Полицијата приведе скопјанец, кој денес околу 9 часот, се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во селото Волково, Скопско.

„Кај П. Ј. се пронајдени пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П. Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје“, велат од МВР.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК