Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје ќе спроведе терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.06.2023 година односно од недела до четврток во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, информираат од таму.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар се грижи за најранливите, продолжуваме со бесплатниот транспорт за лицата со попреченост

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона

C +