Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Доколку не ги направиме уставните измени дефинитивно ја испуштаме шансата за ЕУ

Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Доколку не ги направиме уставните измени дефинитивно ја испуштаме шансата за ЕУ.

🇲🇰 Очекувам на утрешната лидерска средба да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно, со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада.

‼️ Важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.

Има некое чувство кај дел од опозицијата дека не е битно кога ќе бидат измените и дека можат да се направат по три години и по четири години. Мислам дека тоа е едноставно губење на време, коешто не можеме да го вратиме и коешто може да предизвика уште десет години да останеме во чекалната.

Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат дека имаме шанса да донесеме одлука заедно, бидејќи со неа не го нарушуваме концептот на нашиот Устав, ниту на нашата држава, ниту го допира македонскиот идентитет.

🇲🇰 Најдобро македонското национално единството ќе постигнеме доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК