14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Утре лидерите на најголемите македонски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во 11 часот во клубот на пратеници треба да ја оддржат првата лидерска средба оваа година на која се очекува да главна тема да бидат уставните измени за внесување на Бугарите во уставот.

ВМРО ДПМНЕ и натаму се противи, иако може да се насети омекнување на ставот кај некои функционери во оваа опозициска партија.

Од СДСМ се надеваат дека Мицкоски ќе ги прифати уставните измени бидејќи, како што велат, тие се единствениот начин за патот кон ЕУ.

Во пресрет на средбата се огласи и вицепремиерот Бојан Маричиќ:
Очекувам на утрешната лидерска средба да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно, со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада. Важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки, порача вицепремиерот.

Средбата ќе се одржи утре во 11 часот во клуб на пратениците, а како што најави премиерот Димитар Ковачевски, фокусот ќе биде на две теми, имплементација на одлуките за евроинтеграциите на земјата и втората ќе биде активностите на сите политичари во Македонија во врска со односите со соседите.

Спонзорирано: