25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство само ако го поддржи европскиот пат

Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција. Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на националните и стратешките цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи, велат од СДСМ.

„После 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира. Државата има историска шанса за продолжување на европскиот пат.

Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитички момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме“ соопшти СДСМ.

Оттаму додаваат дека сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат, порачаа од владејачката партија.