Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме и во следните денови, кога дождот ќе престане? – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре во попладневните часови особено во западниот и крајниот источен дел ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер и појава на град.

Во среда условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

Прогноза за 07.06.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 29°C

Променливо облачно, попладне во северозападниот дел ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи.

Прогноза за 08.06.2023
Минимална температура: 12°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Променливо облачно, попладне со повремен пороен дожд проследен со грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

Прогноза за 09.06.2023
Минимална температура: 11°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места со услови за невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК