Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Коциќ: Каде е проблемот за прифаќање на уставните измени со кои ќе разграничиме дека постојат два различни народа?

Очекувам опозицијата да се вразуми, кажа пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија, прашан за претстојната лидерска средба.

-Не ми е јасно од што правиме проблем. Ако оваа држава има цел 30 години интеграција во Европската Унија зошто се прави проблем од ваква тема, каде што де факто со внесувањето на Бугарите јасно разграничуваме дека постојат два различни народа – македонскиот и бугарскиот. Придобивките за сите за нас се продолжување на преговорите и реформите, поддршка од европските партнери и брзо зачленување во Унијата, истакна Коциќ.

Тој додаде дека потребна ни е и финансиска и стручна поддршка за да ги постигнеме ЕУ стандардите и политичарите за тоа имаат одговорност.

-Слоганот на СДСМ и коалицијата беше „За европска Македонија“ и затоа имаме мандат за решавање на ова прашање. Од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека се продавал идентитетот, јазикот и културата, но како Собрание лани со заклучоците за францускиот предлог донесовме одлука дека ниту оваа Влада ниту било која во иднина не може да преговара за македонскиот јазик, идентитет и култура, кажа Коциќ

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК