10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Коциќ: Со инсистирањето на тет-а-тет средба претпоставувам Мицкоски сака нешто да испазари

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија повтори дека Македонија не преговара со Бугарија, туку со Европската Унија и повика опозицијата да се вразуми и да ги гласа уставните измени.

-Јасни се пораките кои ги испраќаат европските државници и амбасадорите дека сега е времето и има раздвижување на работите. Пред две недели претставници од Европскиот парламент беа во посета на нашето Собрание, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се појавија таму, но сега се гледа дека има раздвижување на работите, кажа Коциќ.

Според пратеникот декларативниот став на ВМРО-ДПМНЕ за членство во Европската Унија не е реален.

-Напротив, тие прават се за да не влеземе во ЕУ. Тет-а-тет средбата која претстои е во таков формат по барање на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски сака да не присуствуваат тимови и претпоставувам, можеби грешам, тој нешто да се испазари. Ако би било во групи тогаш ќе се разговара за конкретните теми, но сега претпоставувам дека сака нешто да се испазари. Таа партија во минатото ја зароби државата и целосно беа прекинати односите со ЕУ, не бевме ниту во чекалницата, ниту во подрумот, потенцира Коциќ.

Спонзорирано: