Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за невреме: Синоптичарите со нови најави за времето, поинтензивни врнежи во форма на невреме проследен со силен дожд, ветер, електрични празнења и град!

И во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Прогноза за 04.06.2023
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Прогноза за 05.06.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Претпладне сончево со умерена облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и со изолирана појава на град.

Прогноза за 06.06.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Претпладне сончево со умерена облачност и со услови за краткотраен дожд, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и со изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +