Centar.mk
БИЗНИСвест

ССК и УКИМ треба да градат долгорочно партнерство

Професор Билјана Ангелова, кандидат за ректор на УКИМ денес пред Сојузот на стопански комори на Македонија ја презентираше својата програма за работа 2023-2026 годинa. Во програмата е предвидена интензивна соработка помеѓу бизнис секторот и Универзитетот Кирил и Методиј. Таа кажа дека ССК и УКИМ заедно можат да започнат успешна соработка каде што студентите и академската заедница ќе имаат можност да се придружат во оваа заедничка визија за иновација, раст и напредок и додаде дека само заедно можеме да создадеме подобра и успешна иднина.

Претседателот на ССК Трајан Ангелоски истакна дека со соработка помеѓу Сојузот на стопански комори и Универзитетот имаме за цел да инвестираме во развојот на идните лидери и претприемачи, пред се преку директна финансиска поддршка на истражувачки и развојни проекти, споделување на ресурси и менторство. ССК ќе ги повика своите членки помасовно да понудат учество во реализирањето на проектите и да понудат можности за пристап на нови практични искуства на студентите, оформување на стартап компании и поддршка на иновации на академскиот кадар.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +