Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата, нo нема да стапи во сила истовремено за сите

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, објави директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Ќе бидат два часа, во периодот од 11 до 16 часот.

„Ги правиме последните анализи, јасно е дека ќе бидат два часа, некаде во периодот од 11 до 16 часот“, рече Бислимоски.

Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно приспособување.

„Евтината струја нема да стапи во сила во ист момент за сите поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секого да пристапат физички“, објасни Бислимоски.

Конечната одлука Регулаторната ќе ја донесе во следните 15 дена.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК