Centar.mk
БИЗНИС

Нема продолжување на замрзнатите цени по 31 мај, ако има поскапувања, Бектеши ќе преземе мерки

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката, чија важност завршува в среда, 31 мај.

„Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи имајќи предвид дека во согласност со податоците што ги имаме како Министерство за економија повеќето од производите се и пониско од нивото на замрзнување што сме го имале претходно. Ако во случај, од денот кога нема да важи таа одлука, има злоупотреба од страна на трговците, ние на дневна база ја следиме ситуација и секако дека ќе следуваат разни мерки“, рече министерот Бектеши.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Според податоците од Министерството, нагло се намалува инфлацијата во Македонија, особено во делот на прехранбените производи. Министерот Бектеши очекува во јуни да имаме пониска инфлација од 10 %.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАТЕ ЗИМСКИ ОДМОР? – Како да избегнете непотребни трошоци за патување

ДЕСК

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО ПОНЕДЕЛНИК? – РКЕ треба да ја објави редовната пресметка за бензинот и дизелот

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ОД ПРЕМИЕРОТ: Државата ќе дели 20 проценти попуст за купување на нов стан за млади млади брачни парови

ДЕСК