Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Сега е моментот за уставни измени, а не за политизирање

„Ова е момент пред кој посебно ќе бидат исправени пратениците во Парламентот од сите партии и сите треба да ја знаат тежината пред сегашните и идните генерации. Не смееме да го испуштиме овој момент ако сме одговорни политичари“ изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека нема простор за политиканство, бидејќи и сите наши стратешки партнери отворено ни кажуваат дека сега е шансата кога треба да ја донесеме одлуката.

„Тоа не е мала и лесна одлука, тоа е компромис кој е важен за сите нас. Сега е моментот кога треба да се донесе одлука, а не да се политизира. Влегуваме во Унија во која компромисот е една од основните алатки при одлучување. Се е компромис, разговор и дијалог“ рече Костадинов.

Тој рече дека е оптимист и оти верува дека на почетокот на летото уставните измени ќе влезат во собраниска процедура и пратениците ќе одлучат согласно нивните сопствени убедувања, а тоа ќе биде во интерес на иднинтата на граѓаните и државата.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК