Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Седумдесет возачи биле казнети вчера поради брзо возење.

Како што објави МВР, вкупно биле регистриррани 211 сообраќајни прекршоци.

211 сообраќајни прекршоци во Скопје, 70 за брзо возење, меѓу кои и 16 мерки за возење без возачка дозвола, како и 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК