Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Во Скопје се одржа првиот Фестивал за домување и се отворија прашања поврзани со домувањето и потребите на младите, учество зедоа и експерти од Исланд и Шведска

Вчера, во Паркот на Франкофонијата во Скопје се одржа првиот „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“ во организација на Организацијата за домување и станари (ОДС), Фондацијата „Фридрих Еберт” (ФЕС) и Социјалдемократската младина на Македонија.

На фестивалот се отворија прашања поврзани со домувањето и потребите на младите лица, граѓанското учество во донесувањето одлуки поврзани со домувањето и домувањето од аспект на родовата еднаквост.

Свои воведни излагања имаа координаторката на програмата во Фондација „Фридрих Еберт“, Ивана Вучкова, претседателката на Организација за домување и станари, Маја Сталеска и претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Марко Михаилоски.

На првиот „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“, учество зедоа и експертите Гудмундур Храфн Арнгримсон од Унија на станари – Исланд, Јохан Пелинг од Унијата на станари – Шведска, како и Ханс Еклунд од Меѓународното здружение на станари.

Исто така, презентирани беа методологијата и софтверскиот калкулатор за регулирање на пазарот на издавање на недвижнини од страна на експертката консултант Александра Шумкоска.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК