22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Амбасадорот Илиевски за Крис Марфи: Подршката од САД и уставните измени отвораат нови можности за членството во ЕУ

САД се, без каква и да е резерва, најзначајниот стратегиски партнер на Македонија, смета дипломатот Тихомир Илиевски по послената посета на американскиот сенатор Крис Марфи и средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

– Во политиката мора да ги браните интересите и достоинството на својата земја, но во политиката мора да бидете и реалист, дека и многу поголеми и моќни држави ги остваруваат државните интереси преку влијателните меѓународни организации и сојузништва, вели дипломатот Илиевски.

Американските лидери смета тој, внимателно ги следат одлуките што ќе ги донесеме овде наредниве месеци, со надеж дека тие ќе бидат соодветни на одлуките што беа донесени пред некоја година за да станеме, денес, респектирана членка на Северноатлантската алијанса.

И сето тоа според Илиевски го актуелизира моментумот дека Уставните измени јасно дефинираат нови можности за членството на РСМ во ЕУ што САД целосно го подржуваат.

– Реално е да се верува дека објективните и мудри луѓе во политиката и кај нас, оваа корелација ќе ја протолкуваат како можност за демократиите ширум Европа да ги здружат капацитетите и интересите, да дејствуваат унисоно во најмоќните политичко-безбедносни и економско-развојни сојузи на денешницата во интерес на своите земји и народи – вели Илиевски.

Тој смета дека оваа подршка на САД за Македонија се заокружува со ставот што во Скопје го пренесе американскиот сенатор “дека и војната во Украина отвора нови можности за побрзо членство на земјите од Балканот во Европската Унија”.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК