Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

11 возачи под дејство на алкохол санкционирани на територија на СВР Тетово

Во текот на изминатата вечер (27/28 мај) од 21до 3 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 возачи (ТЕ-9 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, како и со други мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај ова, со адекватни поднесоци бил заокружен и 21 друг вид прекршок(ТЕ-11 и ГВ-10).

СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Исто така,да не возат пребрзо, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот и без исклучок да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +