Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / Сите права заддржани
Македонија

Коалицискиот партнер на Мицкоски во друштво на Путин – Стоиљковиќ во Русија ја слуша пораката за изградба на поправеден свет

Коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, Иван Стоиљковиќ заминал во ненајавена посета на Москва. Регионалните медиуми, како „Раша тудеј – Балкан“, но и „Спутњик“ информираат дека во Русија се одржува Безбедносен форум, а еден од гостите е токму Стоиљкович. Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека пратеникот од коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, е во друштво на директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Пред присутните на безбедносниот форум преку видео-обраќање се обратил и рускиот претседател Владимир Путин, според кого Русија и нејзините сојузници ќе успеат во намерата да се изгради поправеден свет и дека јакнењето на стабилноста во светот е единствена алтернатива на „западните санкции“.

Стоиљковиќ не учествува за првпат на овој форум, но во 2019-тата година посетата на Русија ја најавил преку социјалните мрежи. Тој тогаш напиша дека форумот е место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста.

Инаку, Стоиљковиќ важи за близок човек на Мицкоски и еден од најверните коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само неколку месеци на својот фејбук профил тој напиша „идемо бре“, споделувајќи резултати од сомнителна анкета на која Мицкоски ужива поддршка кај граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема реакција за посетата на Стоиљковиќ на Москва. Претходно од партијата кажаа дека не ја поддржуваат руската агресија во Украина, но нема осуда на адреса на коалицискиот партнер кој замина за Русија, иако Кремљ ја прогласи Македонија за „непријателска земја“.

Учеството на Стоиљковиќ на рускиот безбедносен форум се случи во истиот ден кога Мицкоски од Охрид повтори дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени:

-Не постои лева или десна Македонија. Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, кажа Мицкоски.

Претходно пак, претставници на власта обвинија дека постојат структури во земјава кои се против уставните измени, со цел Македонија да не се интегрира во Европската Унија. Прстот беше вперен кон Левица, но исто така додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во заложништво на оваа проруска партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така останаа неми на повикот на специјалниот претставник на Стејт Департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој порача опозицијата да го поддржи европскиот пат на земјава, додавајќи дека не се бара поддршка за актуелното политичко раководство.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе