Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Бочварски: Потребна е посебна процедура за проекти од стратешки интерес, да не ги изедначуваме со редовните проекти

„Законските измени кои се поднесени во Собранието воведуваат нова процедура за изградба на стратешки инфраструктурни проекти како патишта, железнички пруги, гасоводи. Кога станува збор за проекти од стратешко значење тогаш државата треба да направи посебна процедура. Не може да се израмнуваат со проектите за изградба на канализација, водоводи, општински проекти, станбено домување“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека прашањето кое во моментов е поставено е дали дражвата е подготвена да овозможи брза реализација на проектите, да ги изградиме автопатите за пет години, наместо за седум или осум.

„Убеден сум дека експресниот пат кој се гради до Прилеп досега би бил готов доколку сме ги имале овие измени на законите. Тој пат сега се гради, но со потешкотии. Токму затоа го менуваме моделот“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека од целото собрано досегашно искуство на државата се прави подобар модел за побрза реализација на клучните проекти.

„Целта е да работиме со основни проекти, кои практично се проектираат и работат во реално време, во фази. Да може проектантот да испроектира и од наредниот ден изведувачот да излезе на терен да работи. Проектите кои се стари, изработени пред 10-15 години, на терен покажуваат слабости“ рече Бочварски.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе