Невидена дрскост е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за изградбата на патот Кичево – Охрид, порача пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска во реплика на денешната собраниска седница.
„На тој автопат беше коригирана трасата и отстранети сите аномалии, прогресот на изградба е 75 отсто. За автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, прогресот е 80 отсто. Во тек е рехабилитација на автопатската делница Неготино – Демир Капија во должина од 14,8 километри во вредност од девет милиони евра. Изградбата на автопатската делница Кичево – Букојчани во вредност од 130 милиони евра, е предвидена да започне во вториот квартал од оваа година, а започнува и изградбата и на коридорот 10, но вие од ВМРО-ДПМНЕ не сакате сето ова да се изгради, бидејќи тоа за вас ќе биде погубно, затоа вие не им сакате добро ниту на граѓаните, ниту на државата“ истакна Лазаревска.
Пратеничката Лазаревска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, за која цела јавност слушна дека договарала провизии од изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
линк до видео: https://youtu.be/3N8FoZUGxZU