Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
Македонија

Обвинение за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои првото е обвинето за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа од член 379 став 1 точка 2, како и за кривично дело – Употреба на исправа со невистинита содржина согласно член 280 став 1 од Кривичниот законик, додека вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.

На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш се уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија.

Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација. Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано.​

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе