Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со манифестацијата „Град на културата“ Крушево го проектираме на европската мапа како културен центар

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Град на културата“ во Крушево, за кој рече дека е град со силен печат за македонскиот идентитет, историја и култура.

-И не случајно што годинава, кога одбележуваме 120 години од Илинденското востание, даваме посебно значење и внимание на овој живописен град, богат со историја, наследство, сегашност и иднина, правејќи го и град на културата за сите домашни и странски посетители. Крушево ќе пулсира во ритамот на македонската култура и ќе го промовира македонскиот идентитет и посебност. Да се биде „Град на културата“ не е само титула, тоа е можност да се прикаже уникатниот идентитет на Крушево, богатото наследство, енергичноста на уметничка сцена и посветеноста во негувањето на креативноста и културното изразување. Со оваа манифестација оставаме траен белег и го проектираме Крушево на европската мапа како културен и туристички центар, кажа Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека во текот на оваа година Крушево нема да биде само дестинација за спортистите и авантуристичкиот туризам.

-Ќе биде и културен град во кој посетителите ќе бидат сведоци на многубројни настани, претстави, концерти, изложби и културни искуства кои ќе остават трајно влијание врз сите учесници од различни возрасти. Од уметнички инсталации и театарски продукции до музички фестивали и литературни собири, програмата за „Град на културата“ ќе биде прослава на креативноста во сите нејзини форми. Крушево, и преку оваа програма, само го потврдува фактот дека токму тука најавтентично се допира до големината на Мартиновски и на Тоше, до Васил Иљоски, крушевската куќа, крушевските гастрономски специјалитети, Крушевската Република. Крушево е град музеј, овде се среќаваат вековни традиции и траги на крушевските трговци, прочуени низ светот, на револуционерното минато, објекти и колекции од оваа колепка на уметностите и занаетите. Крушево и во поновата историја продолжува да ја збогатува сликата за својата посебност користејќи ги сите свои ресурси и ретките природни убавин, кажа министерката за култура.

Можеби ќе ве интересира

Близу осумдесет ученици на средба со Стојан Тарапуза во „Матица“: книжарницата како простор за поезија, прашања и радост од читањето

ДЕСК

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

ДЕСК

Излезе од печат нова книга по повод дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора

ДЕСК