20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Преку организиран пристап инвестираме во културна инфраструктура овојпат и на локално ниво во Крушево

Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонска култура, а преку проектот „Културен град“ го зајакнуваме културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, преку соработка со локалната самоуправа, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на отворањето на манифестацијата „Град на културата“ во Крушево. Таа кажа дека богатата културна содржина, со вклученост на најразлични групи учесници ќе има свој придонес и за непосредниот економски и туристички поттик на општина Крушево.

-Преку еден внимателен и организиран пристап инвестираме во културна инфраструктура, обезбедуваме поддршка за уметниците во подем и поттикнуваме соработка која ќе продолжи да го збогатува културниот пејзаж на градот долго време откако ќе заврши годината. Да се биде „Град на културата“ е додадена вредност на природните убавини на Крушево и можностите за рекреација. Уверена сум дека содржините што ќе ги проследиме оваа година ќе продолжат да бидат инспирација и можност за креирање побогата слика за овој автентичен град. Богатата содржина со вклученост на најразлични групи учесници се одвива преку целата година, има свој придонес и за непосредниот економски и туристички поттик, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исто така додаде дека „Македониумот“ го внесе Крушево на светската уметничко-архитектонска мапа.

-Останува сите заедно да продолжиме да ги зајакнуваме и да ги осовременуваме македонските културно-историски вредности, но и потенцијали што ги има Крушево. Затоа – дојдете во Крушево бидејќи тоа е жив тестамент на културата. Крушево има своја приказна, која секој треба да ја доживее. Без разлика дали сте уметник, културен ентузијаст, студент, треба да се придружите кон ова неверојатно патување. Заедно, да го прославиме оригиналниот дух на нашето Крушево, и да создадеме наследство што ќе продолжи да ја инспирира и да ја обединува заедницата во годините што доаѓаат. Пред нас е една значајна културна програма во која сигурна сум дека ќе уживаат посетителите, истакна министерката.

Спонзорирано: