Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Вонредно метео предупредување: Следува невреме низ Македонија

Од УХМР известуваат дека од денсека во попладневните часови, па се до крајот на неделата, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите се очекува да бидат во форма на невреме со услови за појава на град а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд.

Доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците. Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми.

Исто така, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта. Препорачуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови (пред се во попладневните часови) се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

16 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Меѓу нив пет малолетници, дел возеле без испит или под дејство на алкохол

ДЕСК

СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПСТВЕНАТА МАЈКА – Приведен 20-годишник во Велес

ДЕСК

СЕМЕЕН ИНЦИДЕНТ ВО КУМАНОВО – Приведен 33-годишник по пријава за агресивно однесување кон таткото

ДЕСК