Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот, следува соодветна пријава

Денеска (20.05.2023) околу 03.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.Д.(18) од Скопје. Тој бил фатен веднаш по извршување тешка кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени нож и одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот. Ј.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

C +

(ФОТО) Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

ДЕСК

Пратеникот Талевски на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието во Тбилиси

ДЕСК