Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

177 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престигнување и престројување.

Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас при возење… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ИПАРД 3 прекинат, земјоделците останаа без пари поради корупција на власта

ДЕСК

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ: Власта сака целосна контрола

ДЕСК

Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

ДЕСК