Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

(ВИДЕО) Ескобар и Шоле: Северна Македонија е подготвена да продолжи кон ЕУ, направи сè што е потребно

На сослушувањето на Комитетот за надворешни работи на САД за Западен Балкан вчера се кажаа многу позитивни зборови за Северна Македонија, особено од заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот.

-За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, С. Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.

Тој рече дека Македонија е земја која направила сè што е потребно за да премине на следниот чекор и додаде дека според него го заслужува следниот чекор.

Со истиот став е и Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот, кој беше поосар во реториката и запраша што всушност досега Македонија доби за сето тоа што го покажа и го направи:

-Кажете ми малку за тоа кои се опипливите придобивки што би ги добила Македонија со влезот во ЕУ? Зошто е навистина важно за нив некако да ги решат нивните разлики со Бугарија за да можат да влезат во Европската унија, праша Шоле.

-Тие треба да донесат некои тешки одлуки во однос на уставните промени кои од нив се бара да ги направат. Тие се подготвени да ги направат тие промени, но политиката е тешка. И тоа што треба да слушнат од сите нас е нашата поддршка да ги направат овие промени кои би изгледале минорни, но се политички доста тешки, а тоа ќе помогне да се отклучи следната фаза од нивниот процес за пристапување во ЕУ, рече Шоле.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +