Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На лидерската договорено дискусијата за една изборна единица да се води во Собрание

СДСМ дава поддршка за законските измени за една изборна единица, рече премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска средба. За различните аспекти што ги имаат политичките партии за една изборна единица премиерот рече дека договориле да се дискутира во Собранието.

„Во однос на законските измени за една изборна единица се договоривме дека дискусијата треба да се води во рамки на Собранието и дека таму треба да бидат земени предвид сите аспекти на политичките партии, бидејќи знаете дека во рамки и на коалицијата и во рамки на опозицијата има различни мислења во однос на изборниот закон. СДСМ е партија која во својата програма има поддршка за една изборна единица, а во рамки на Собранието ќе се расправа за модалитетите во однос на тоа дали треба да има изборен праг или не, застапеност на етнички заедници, родова застапеност на изборните листи и така натаму и дискусијата ќе се води во Собранието како што беше договорено на лидерската средба“, рече премиерот Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија отворено кажа дека доколку Владата предложи тие ќе поддржат менување на изборниот модел во една изборна единица наспроти сегашните шест оти тоа ќе донесе еднаквост на гласот во секоја општина и на целата територија на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК