Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за двете лица што сакаа да изградат див паркинг во дворот на поликлиниката „Бит Пазар“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против двете лица што сакаа да изградат див паркинг во дворот на поликлиниката „Бит-пазар“.

Се работи за лица на возраст од 45 и 42 години, кои заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го употребат за изградба на паркинг.

„Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника ‘Бит-пазар’. Притоа биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот, каде што осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот во паркот на болницата до доаѓањето на полицијата“, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, а за второто обвинето лице во сила се определените мерки на претпазливост.​​

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +