34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Очекувам рекордна година за авиосообраќајот во земјата

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата „Визер“.

Северна Македонија е атрактивна земја за сообраќај, а тоа веќе го препознаваат авиокомпаниите, рече министерот, кој очекува рекордна година за авиосообраќајот во земјата.

„Оваа година ќе биде уште една рекордна и веќе сме на добар пат за тоа. Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44 % повеќе во споредба со минатата година или раст од 11 % во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број превезени патници. Во овој момент може да се лета на речиси 50 дестинации во Европа. Од наесен токму преку финансиската поддршка што ја овозможува Владата, ‘Визер’ ќе воведе уште четири нови дестинации. И како резултат на сите овие бројки можеме да заклучиме дека финансиската поддршка е оправдана и ги дава очекуваните резултати“, рече Бочварски.

Како што додаде, крајната цел е да се искористат сите капацитети што ги нуди Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“, со цел овозможување квалитетни услуги за патниците.