Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаВо тренд...

Кутиров: Олеснетите процедури на граничните премини од ‘Отворен Балкан’ донесоа раст на регионалната трговија

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата “Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Директорка на Царинска Управа Славица Кутиров смета дека истражувањето на тема „Можности за регионална соработка, придобивки и предизвици од Иницијативата Отворен Балкан за компаниите од секторот туризам и земјоделие“ е од голем придонес за планирањето политики бидејќи таргетира значајни институции во државата.

„Од 2019 година како резултат на регионалната трговија го имплементиравме концептот за регионална соработка особено во периодот на ковид кризата кога се воспоставија зелени коридори посебно за индустријата на лекови кои во тој период беа многу значајни. Генерално граничниот премин по „Отворен Балкан“ е многу важен сегмент од регионалната трговија која носи побрз проток за товарните возила, за кои верувајте и секоја намалена секунда е многу значајна затоа што секое задржување значи поголеми трошоци за бензин и забавен транспорт за компаниите. Секако многу е значајна и брзината на поминување на граничните премини и за патничките возила особено во туристичката сезона“, истакна Кутиров.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе