Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Ефектите за винскиот сектор од ‘Отворен Балкан’ допрва ќе се видат

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата “Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Ефектите од „Отворен Балкан“ допрва ќе се видат смета Гоце Георгиевски, Раководител на сектор за рурален развој на Министерството за земјоделство.

„Во рамки на „Отворен Балкан“ прв под секторот од нашиот делокруг кој гледа бенефит е винскиот сектор. Минатата година за првпат беше организирана една саемска манифестација за вино во Белград, од кои 55 претставници беа од земјава. Може да најавиме дека се донесе одлука ако во Белград традиционално се одржува Саем на вино, кај нас да се одржува Саем за храна, со цел да се претстават земјоделските прехранбени производи и тоа би било во октомври“, вели Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана

ДЕСК

Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак

ДЕСК