23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска донесоа и сообраќаен колапс во Скопје

Соопштение на СДСМ:

Освен тоа што е пред банкрот, што не функционира градскиот превоз, ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје и во сообраќаен колапс.

Три дена половина Скопје функционира само со еден мост, откако се запали мостот „Беласица“.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ молчи и не кажува дали ќе преземат нешто и до кога ќе трае санацијата на мостот што ги поврзува Нова Железничка и поранешен Саем, еден од најважните мостови во Градот.

И додека мостот „Беласица“ е затворен, алтернативната рута преку мостот кај МАНУ е со постојан метеж, а граѓаните кои живеат во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Чаир патуваат со часови од и до своите работни места.

Ако не беа каприците на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, ако го довршеа мостот на булевар АСНОМ, сега граѓаните од тој дел од градот ќе имаа соодветна алтернатива, а метежот кај МАНУ немаше да постои.

Но ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска решија да не го продолжуваат овој капитален проект и со својот инает и со својата неспособност освен финансиска, предизвикаа и сообраќајна катастрофа во градот.

Ова е уште една потврда, што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт, нефункционалност, колапс и хаос.