Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Османи на самит на Совет на Европа во Рејкјавик: Во фокус зајакнување на соработката помеѓу СЕ и ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на 16-ти и 17-ти мај ќе присуствува на четвртиот самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд.

Во рамки на самитот, ќе се одржи и состанок на високо ниво меѓу Советот на Европа и ОБСЕ на кој ќе се разговара за досегашната соработка, како и за други областите во кои може двете организации да придонесат со своите капацитети.

Османи ќе учествува и на тркалезна маса „Поддршка за Украина – солидарност и одговорност“, а предвидени се и билатерални средби на Османи со министрите за надворешни работи на Велика Британија и Шведска.

На вториот ден од самитот, Османи ќе се обрати на генералната дебата и завршната сесија „Обединети за Европа“, каде како Претседавач со ОБСЕ ќе се осврне на потребата од засилена соработка со Советот на Европа во контекст на почитувањето на човековите права и основните слободи, демократијата и владеењето на правото.

Самитот е предвидено да заврши со усвојување на Рејкавик Декларацијата и предавање на претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа на Латвија.