13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Дерала: Центрите на моќта се во војна за уништување на вредностите што се подразбираат под демократија и човекови права и слободи

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека перцепцијата за „различните“ или „другите“, што и да подразбираат тие поими, во несигурен и поларизиран свет во кој се води голема војна во Европа, неизбежно и сé повеќе е заснована на омаловажување и недоверба.

Центрите на моќта кои се во војна за уништување на вредностите што се подразбираат под демократија и човекови права и слободи, долго време ја водат таа војна за уништување на тие вредности.

„Последица на тоа се општества кои се поларизирани и во кои перцепцијата за другите е пропорционална со нивото и интензитетот на поларизација и контаминација со длабоко вкоренети предрасуди и стереотипи, кои лесно прераснуваат во презир, нетрпеливост, омраза и отворено насилство.

Другите не се вредни (дури ни истиот воздух да го дишат со нас), но затоа сакаат да го грабнат и уништат тоа што е наше. А тоа што е наше е свето, највредно од сите, ни припаѓа само нам. Сме го стекнале низ вековите со страдалничка борба и крвави жртви.

Другите не можат да бидат наши соседи и партнери, бидејќи секогаш, колку и да не изгледа така, длабоко во нив тлее желбата да нѐ уништат и да го земат тоа што е наше. Иако се прости и безвредни битија, без оглед на тоа дали се или не се помалубројни, тие поседуваат способност да коваат заговори против нас и да ни ги преземат главните лостови на моќта и постојано се обидуваат да завладеат со нас.

Едноставно, ние секогаш сме жртви на другите. Тоа е таа постојана епска разиграност на горчината, самосожалувањето и презирот, која секогаш е на границата да се претвори во милитантна омраза“, вели Дерала.

Тој додава дека дури и кога сме прогресивни, па решаваме да ги прифатиме различните од нас, ние тоа го правиме затоа што сме благородни, сомилосни и големи, секако и повредни од нив, различните. Па кога би биле исто толку вредни како нас, не би биле различни, зарем не?

извор Цивилмедиа

Спонзорирано: