Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Драстичниот пад на цените на нафтата треба да ги намали цените на превозот

Превозниците не ги намалуваат цените и покрај драстичниот пад на цената на горивата. За дел од медиумите кои ја покренаа темата тие се правдаат дека не можат да ги намалат цените, бидејќи тоа не зависело само од цената на дериватите, туку и од зголемувањето на другите трошоци. Со оглед на актуелните цени конкретно во меѓуградскиот транспорт дури може да се најде и поевтина авионска карта до некоја од европските метрополи, отколку на пример повратен билет до Струмица, Богданци или пак Гостивар.

Цената на нафтата падна на нивоата пред пандемијата и пред почетокот на конфликтот во Украина, и тие веќе не остануваат високи, бидејќи изнесуваа над 110 денари за литар. Транспортерите на стоки и луѓе како да не знаат за намалувањето на цените на услугите во согласност со намалувањето на цените на дериватите. Велат дека имаат и други трошоци кои ќе ја одржат високата крајна цена.

„Транспортерите имаат право сами да ја одредуваат цената и тоа не се само трошоците за деривати бидејќи има и други трошоци, за моторно масло, гуми и други делови од потрошен материјал. Дури и во автобусите и комбињата има се помалку патници… ќе одржиме состанок во здружението да видиме кој колку може да намали, мислам дека ова ќе се случи ако продолжи да се намалува нафтата“, изјави неодамна Јован Матеничарски од Здружение на превозници на патници за медиумите.

Инаку, цените на горивата во Северна Македонија го продолжуваат трендот на намалување по шокот минатата година и во моментов се најниски во регионот. За разлика од останатите држави во нашето опкружување, каде што цените останаа релативно високи, кај нас тие се вратија на нивото од 2021 година, пред кризата.

Цената за дизелот во земјава изнесува 66,5 денари, односно 1,08 евра што е убедливо најниска цена за дизел во регионот. Најблиску до нас со цената на дизелот е Босна и Херцеговина, каде што дизелот е околу 1,21 евро. Највисока цена за дизел се плаќа во Србија, Грција и Албанија каде што тој изнесува околу 1,54 евра.

Слична е ситуацијата и со цените на бензинот. Безоловниот бензин со 95 октани во земјава чини 77 денари, или 1,25 евра, во Босна и Херцеговина тој е околу 1,28 евра, додека во Грција цената на литар бензин е 1,85 евра.

Покачувањето на цените на нафтените деривати беше наведено како главна причина за покачувањето на цените на автобуските билети и на такси превозот во Скопје. Тогаш превозниците се правдаа дека со новите цени на нафтата, мора да се ревидираат и цените на билетите.

Д. Е.

извор Фронтлајн.мк

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден… Повеќе