14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ЗА СЕДУМ ДЕНА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 251 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Скопје, 15 мај 2023 – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 251 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 08.05. до 14.05.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 123 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК