Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци храна

Денес во Дојран, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, учествуваше на координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.

Во текот на средбата се постигна консензус за надлежностите, системот и платформата за управување со вишокот на храна и негова донација до граѓаните на кои таа им е најпотребна.

Со донесување на ова законско решение се воспоставува институционализиран систем на донација на храна низ целата држава, се овозможува превенција на отпад и фрлање храна и се обезбедува пристап до храна на сите ранливи категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +