Centar.mk
БИЗНИС

Бесими: Сега не е најповолно време за зголемување на платите во јавниот сектор

Министерот за економија, Фатмир Бесими, смета дека сега не е најповолно време за усогласување и зголемување на платите во јавниот сектор бидејќи, како што вели, ќе има импликации на инфлацијата и препорачува зголемувањето на плати да се имплементира од 2024 година.

Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор.

„Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување плати може да се донесе побргу“, рече Бесими на средбата со новинарите.

Тој потврди дека му е исплатена повисока плата за 78 отсто во согласност со одлуката на Уставниот суд. Рече дека досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

Информира дека зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1. 060 функционери и дека за таа намена до крајот на годинава од буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето

ДЕСК

Планот на Трамп за мир со Иран ги урна цените на нафтата, азиските берзи во пораст

C +

УЈП: Заедно со занаетчиите кон подобра бизнис-клима

ДЕСК