По обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска се одговорни за лошата финансиска состојба и дека градот е пред Банкрот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Го замолуваме СДС да не си ја ишка мувата од капата. Заедно со Левица, ДУИ си ги гласаа сите финансиски програми кои добија зелено светло во Градот Скопје, заедно го донесоа и во банкрот Градот Скопје. Банкротот има име и презиме, СДС, ДУИ, Левица со Данела Арсовска“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред неполни 2 години, ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека тогашниот градоначалник Шилегов лошо раководи со парите на Скопјани и оти на градот му е потребен добар менаџер како Данела.
„Арсовска има импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија. Дел во раководството на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет. Само 4 жени во светот се носители на таа функција. Прогласена за најдобар женски пример во деловниот свет за Југоисточна Европа“, рече Мицкоски за актуелната градоначалничка на Скопје на 29 август 2021.