Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тешка сообраќајка на меѓународниот аеродром Скопје, има повредени

Синоќа на паркингот на Меѓународниот аеродром Скопје се случила сообраќајна несреќа, информира МВР.

Во несреќата учествувале патничко возило Volkswagen Golf со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (41) од Скопје и патничко возило Ford Focus со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (46) од Прилеп.

По несреќата возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А. (66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: 27 март е датум што трајно ќе остане запишан во историјата на Република Северна Македонија како денот кога станавме полноправна членка на НАТО

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Студени утра и дождлив ден низ целата земја – некаде ќе врне снег

ДЕСК

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК