Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Студени утра и дождлив ден низ целата земја – некаде ќе врне снег

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринските температури ќе бидат значително ниски за овој период од годината и ќе се движат од околу 0 степени во западните делови, до околу 6 степени во југоисточните региони. Во некои делови од земјата, особено во повисоките и планинските предели, утринските температури ќе се приближат до нулата, што создава услови за појава на снег.

Во текот на денот, максималните температури ќе достигнат од околу 8 до 16 степени. Најстудено ќе биде во северните и источните делови, каде дневните температури ќе останат под 10 степени, додека најтопло се очекува во јужните региони, каде температурата може да достигне до 15-16 степени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +