24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: СДСМ го зајакна капацитетот, 200 професионалци станаа дел од партиските комисии

СДСМ го зајакна својот кадровски потенцијал, над 200 докажани професионалци, угледни и истакнати личности се дел од составите на 18-те партиски комисии на СДСМ, соопшти заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во рамките на трибината на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“, која е првата од серијалот тематски трибини на СДСМ „Резултати што прават разлика“.

Лукаревска нагласи дека меѓу претседателите и членовите на комисиите половината се нови луѓе, а другите досегашни, докажани професионалци од редовите на СДСМ и ги претстави новите претседатели на комисиите.

– На чело на комисијата за транспорт и врски е Митко Трајчулески, комисијата за култура ја води Владимир Лазовски, комисија за животна средина и просторно планирање Пеце Мирчевски, на чело на комисија за локална самоуправа е Лефкија Гажоска, Филип Тосевски ја води комисијата за европски и надворешни прашања, Теодор Богоевски, комисија за еднакви можности, Весна Поповска е на чело на комисијата за одбрана, а Магдалена Несторовска на комисијата за внатрешни работи, прв човек на комисијата за туризам и угостителство е Роберт Блажевски, на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, комисијата за администрација ја води Елена Живковска Манчева, комисијата за образование Марина Андева, на чело на комисијата за енергетика е Митко Андреевски, на комисијата за спорт Панче Милевски, комисијата за финансии и економија ја предводи Фатмир Битиќи, комисијата за дигитализација и нови технологии– Благој Китев, комисијата за здравство – Владимир Рендевски, комисијата за труд и социјална политика– Елена Устамитова, а на чело на комисијата за правда е Виолета Дума. Со нив во периодот пред нас ќе работиме за продолжување на вистинскиот пат на земјата, подобар животен стандард на граѓаните, економски раст и развој, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.