25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев за Катимерини: ВМРО-ДПМНЕ мора да го почитува Преспанскиот договор, Мицкоски сам кажа дека од тоа нема назад

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор, мора да го почитуваат Уставот како една од најголемите партии во земјата. Без разлика дали ќе останат во опозиција или ќе дојдат на власт, мора да го почитуваат. Дури и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно кажа дека нема назад од тоа“ рече поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Тој додаде дека и грчката опозиција во времето кога се потпишуваше договорот, а сегашна власт нашла начини како да се продолжи соработката меѓу двете држави.

„Треба да се забележи дека по Преспанскиот договор ситуацијата во регионот се менува. Се позабележлива е соработката со повеќе од 2,5 милијарди евра инвестиции од Грција во Северна Македонија. Тоа е 25 отсто од нашиот БДП“ рече Заев.

Експремиерот додаде дека е благодарен што грчката Влада предводена од Мицотакис се бореше за Северна Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија.

„За тоа служат пријателите и ние сме навистина благодарни за тоа, граѓаните го ценат тоа“ рече Заев.