Centar.mk
БИЗНИС

Илон Маск ангажирал нова извршна директорка на „Твитер“

Илон Маск во четвртокот соопшти дека нашол замена за нов извршен директор на „Твитер“.

„Возбуден сум што можам да објавам дека вработив нова извршна директорка за „Икс/Твитер“. Таа ќе почне за 6 недели!“ твитна Маск.

„Мојата улога ќе премине на местото извршен претседател и технички директор, надгледување производи, софтвер и системи“, додаде тој во твитот.

Милијардерот роден во Јужна Африка наведе дека неговата замена на чело на гигантот на социјални мрежи ќе ја почне работата за шест недели.

Маск стана сопственик и главен извршен директор на „Твитер“ кон крајот на октомври. Тој во декември најави во твит дека ќе се повлече од функцијата извршен директор „штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата“.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК